Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее.
Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина…
И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е филм за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.
Во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Понеделник, Телма телевизија, 23 октомври, 22.15 часот.
Дани | ТВ Пакет