Бариш Бакташ е 26 годишен турски актер, кој за македонската публика е актуелен по серијата на Канал 5 – “Крваво цвеќе”.
Она што ги изненади турските медиуми овие денови е исповедта не неговата сопруга која ја обелодени тајната романса на Бариш со партнерката од серијата.
Имено, сопругата повеќе не можела да го толерира неговото однесување и факт што и зад камерите е постојано со неговата колешка, па затоа решила да се обрати до јавноста.
– Токму така. Баран и Дилан не се заедно само во серијата, туку и приватно. Тоа не можам да го поднесам. Актерката постојано е со мојот сопруг и затоа решив да се разведам.
Како ќе се одвива оваа интересна турска љубов, останува да видиме. Но, очигледно тоа што се случува пред камерите, Дилан и Баран не може да го сокријат и откако рефлекторите ќе се изгаснат.
Дани | ТВ Пакет