Нова српска серија на Алфа телевизија, адаптација на романот на Добросав Ќосиќ. Во Србија е емитувана на Нова и РТС 1, а сега и во наша Македонија на Алфа телевизија, секоја недела во 19.30 часот.
„Време на злото“ ќе не одведе во период меѓу двете светски војни и на самиот почеток на Втората светска војна. Главниот заплет на серијата е базиран на романот „Верникот“, а преку реминисценции ги обработува настаните во романите што и претходеле во трилогијата („Отпадникот“ и „Грешникот“).
Во центарот на приказната се главните ликови се семејството Катиќ (Вукашин, Милена, Иван), браќата Богдан и Владимир Драговиќ, Мишко, Наѓа и Бора Луковиќ, како и Петар Бајевиќ.
Семејството Катиќ го следиме во зората на Втората светска војна во Белград. Богдан Драговиќ се враќа од емиграција, се обидува да воспостави врски со Комунистичката партија, од која бил избркан како троцкист, како и со неговиот син Владимир.
Неговата веќе оставена сопруга Милена влегува во емотивна врска со Петар Бајевиќ, агент на Коминтерната и соборец на Богдан. Владимир, синот на Милена и Богдан, сега и самиот член на КП, од идеолошки причини се врти против својот татко.
Таткото и братот на Милена, Вукашин и Иван Катиќ се ликот на граѓанската Југославија, која не успева да се спротивстави на околностите што доаѓаат.
Тоа е почеток на Втората светска војна. Милена и нејзиниот брат Иван одат во Прерово, Владимир им се придружува на партизаните, Петар и Богдан истовремено завршуваат во Гестапо.
Дани | ТВ Пакет