Почина Метју Пери, популарниот холивудски актер познат како Чендлер Бинг од серијата „Friends“. Чендлер бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес од неговиот асистент.
Според првичните информации до кои дојдоа странските медиуми, Пери бил во бесознание кога пристигнала брзата помош. Немало траги од насилство и не била пронајдена дрога. Наводно, причината за смртта била давење во џакузи.
Иако на екраните пленеше со веселоста, зад камерите водеше тешка битка со алкохолизмот и зависноста од опоиди. Во своите мемоари, тој призна дека започнал да пие од 14 години и според негова проценка, имал потрошено околу 7 милиони долари за да остане трезен.
Неколку пати престојувал во центри за рехабилитација, но не успевал да се ослободи од зависноста. Како последица на тоа, имач редица здравствени проблеми.
Минатата година, 54 годишниот актер откри дека бил во кома две недели и престојувал во болница со месеци поради перфорација на дебелото црево како последица на прекумерна употреба на опоиди, а девет месеци носел кеса за колостомија.
Дани | ТВ Пакет