Веста за друмските разбојници и нападот врз Енцо набрзина се рашири низ целата фазенда. Алис ја побара мајка си во нејзината соба. Лукреција немирно палеше цигара врз цигара.
– Разбра ли што се случило?
– Да.
– Кутрата Кристина.
– Престани да се грижиш за таа ороспија, Алисиња.
– Мамо, како можеш да бидеш толку ладнокрвна? Можело да се случи на секој од нас.
– Не претерувај. Не се случило ништо серизоно.
– Не и се случило бидејки дошол Енцо. Не сакам ни да помислам што ќе и направеле тие двајца.
– Секој си го добива она што го заслужува,- отсечно рече Лукреција. Алис погледна збунето во својата мајка. Денес како да не беше при себе.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 28 – „Долга ноќ“
Веста за друмските разбојници и нападот врз Енцо набрзина се рашири низ целата фазенда. Алис ја побара мајка си во нејзината соба. Лукреција немирно палеше цигара врз цигара.
– Разбра ли што се случило?
– Да.
– Кутрата Кристина.
– Престани да се грижиш за таа ороспија, Алисиња.
– Мамо, како можеш да бидеш толку ладнокрвна? Можело да се случи на секој од нас.
– Не претерувај. Не се случило ништо серизоно.
– Не и се случило бидејки дошол Енцо. Не сакам ни да помислам што ќе и направеле тие двајца.
– Секој си го добива она што го заслужува,- отсечно рече Лукреција. Алис погледна збунето во својата мајка. Денес како да не беше при себе.
– Што рече?
– Ништо.
– Мамо. Кажи ми дека ти не си задолжена за она што се случило на патот?
– Алисиња, те молам…
– Мајко, јас те познавам подобро од било кој на оваа фазенда. Ти никогаш не би си ги извалкала рацете, но имаш пари, а парите можат да направат многу нешта.
Анибал му помагаше на Антенор и на момците да ги складираат вреќите со жито во амбарот. Му требаше напорна работа тоа претпладне за да не размислува на она што му го рече Лукреција претходно. Додека работеше, го побара Рикардо, но Анибал не беше расположен за разговор со никого, најмалку со својот помлад брат.
– Анибал, те молам сослушај ме, – инсистираше Рикардо.
– Реков дека не сакам да разговарам со тебе.
– Те молам, брате.
Анибал слезе од натоварената кочија, ја избриша потта од челото и му даде знак на Антенор да почека.
– Што сакаш?,- го праша својот брат кога дојде на одредена дистанца за да не може никој да го прислушкува разговорот.
– Сакам да знаеш дека жалам за она што се случи со Лукреција. Признавам дека е моја вина.
– Сериозен си?
– Да. Виновен е само мојот брз јазик.
– Ме радува што признаваш.
– Ветувам дека повеќе нема да ти се мешам во врската со Лукреција. Освен тоа, ако навистина ја љубиш, ја имаш целата моја подршка и благослов.
– Ти благодарам, брате.
Рикардо ја подаде својата рака во знак на помирување. Анибал ја прифати. Се прегрнаа цврсто. Беше знак на љубов и почитување кои браќата Кастњеон ги делеа еден кон друг. Анибал почуствува силна болка во грбот поради камшикувањето, па направи болна гримаса.
– Не смееш да продолжиш вака, брате. Мораш да престанеш да си го правиш тоа на себе, – го советуваше помалиот брат.
Сестрите Марија Грација и Крситина со лековити облоги го топеа местото каде што нивниот брат Енцо беше удрен. Откако почна полека да доаѓа при себе, во бараката го посети Естер, загрижена за неговата состојба.
– Како си, Енцо?
– Малку ми се врти, – одговори искрено.
– Кој те тераше да се задеваш со тие бандити?, – го прекори Марија Грација.
– Не се задевав со никого, – рече тој во своја одбрана. – Само сакав да и помогнам на Кристина.
– Марија Грација, појди до куќата и земи алкохол за да не се инфицира раната, – и нареди Естер.
– Да, госпоѓо, – покорно рече слугинката и стана од постелата на својот брат.
– Како се чуствуваш ти, Кристина?, – ја праша Естер.
– Јас сум добро, Енцо го извлече подебелиот стап.
– Оди во кујната и донеси загреана вода, те молам, – Ленор побара од Кристина, со цел само да остане насамо со Енцо. Така и беше.
– Како можело да ти се случи нешто такво, Енцо?, – го праша загрижено, клекнувајки покрај неговата постела.
– Навистина сте загрижени, госпоѓо Естер?
– Не биди неправеден, те молам.
– Јас неправеден?
Таа ги стави своите раце околу неговиот врат со цел да го бакне, да ги почуствува неговите страсни бакнежи барем на кратко, но тој ја одби. Ја заврте главата на другата страна.
– Ќе Ве замолам нешто. Престанете да си играте со мене.
Таа не знаеше што да каже. Претпоставуваше дека неговото вакво однесување се должи на тоа што тој веруваше дека таа го извисила сношти, но пред да се обиде да му се оправда, во собата влезе Фаусто. Неговата жена клечеше како грешница пред постелата на работникот. Беше глетка која нималку не му се допадна.
– Зарем си сама со Енцо, Естер?
– Не, Марија Грација и Кристина отидоа до фазендата да земат намирница за да му ја излечат раната.
– Вашата сопруга беше многу љубезна со мене, дон Фаусто.
– Мене не ми делуваш рането, Енцо, – грубо рече Фаусто. – Што точно се случи на патот?
– Ме нападнаа двајца вооружени мажи…Носеа маски преку лицата.
– Сигурно биле друмските бандити. Откако ги затворија фабриките во Итаберај, патиштата се болни со бандити.
Енцо проголта кнедла во грлото. Јасно ја сфати пораката од својот господар бидејки и тој самиот беше еден од работниците во фабриките во Итаберај кој остана без работа по нивното затварање.
– Прости ми што се мешам, Фаусто, но сите луѓе не се исти, – се замеша Естер.
– Врати се дома каде што ти е местото, Естер, ти немаш што да бараш овде, – и нареди.
По вечерата, кога ноќта полека почна да се спушта, Кристина ја изми и последната чинија во кујната на фазендата. Беше изморена од долгиот ден кој го имаше а работата како слугинка воопшто не и прилегаше.
Алис влзе во кујната полека и на прсти, ја затвори вратата зад себе и низ блага насмевка и се обрати на Кристина;
– Повторно се среќаваме.
– О, не…Повторно Вие. Ве молам да престанете да ми досадувате, во спротивно ќе ве пријавам на дон Фаусто. Оставете ме да на работам на мира.
– Си помислила ли некогаш да отидеме далеку само ти и јас?
– Далеку од вашата мајка?
– Да, – потврди Алис. – Далеку од неа. Се соменавм дека мојата мајка е тесно поврзана со она што денес ви се случи на тебе и Енцо.
Кристина за малку ќе ја испуштеше влажната чинија од рацете. Погледна во девојката која гореше од желба за неа. Дали ја зборува вистината или само лаже за да и го привлече вниманието?!
– Ајде да побегнеме од оваа фазенда, Кристина, да отидеме далеку од ова мало и пеколно село. Ќе го наполниме автомобилот со неколку важни работи и ќе одиме во Рио, ќе играме чарлстон до зори, ќе видиш како ќе се забавуваме. Заедно. Само јас и ти.
Удобно навалена на софата во дневната просторија, Естер само што го испи своето мате и повторно се задлабочи во книгата која ја читаше. Низ прозорците светкаа молњи. Се подготвуваше уште една дождлива ноќ. Надвор, работниците набрзина ги собираа животните во своите стада пред да ги фати невреме.
– Што правиш овде сама, Естер?- го слушна гласот на својот сопруг одзади. – Што читаш?
– Библијата, – мирно одговори таа.
– Мило ми е што е така, – спокојно рече тој и посегна по шишето со коњак. – Ме загрижува состојбата со Енцо и неговите сестри.
– Ова не смее да се повтори. Темпестад секогаш било мирно место.
– Ако на власт остане Епитасио Песоа, цел Бразил ќе стане немирна почва, – горко рече Фаусто, не криејки ја атипатијата кон претседателот на Републиката.
– Фаусто, дали дозна нешто повеќе за Лукреција и Енцо?
– Многу се каам што го споделив тоа со тебе. Сигурен сум дека ќе застанеш на нивна страна и ќе ја подржиш твојата братучетка во врската со тој италијанец.
– Не, само ме интересираше бидејки не успеав да зборувам со неа.
– Подобро не и спомнувај ништо бидејки таа е луда жена, – ја предупреди Фаусто.
Италијанската крв почна да врие во вените на Кристина кога Алис го сподели својот сомнеж дека нејзината мајка можеби има врска со несреќата на патот.
– Дали сте сигурна дека Вашата мајка е онаа која сакала да ми наштети?
– Не сум комплетно сигурна, но не би била изненадена да е така. Мојата мајка сака да не раздели по секоја цена. Ајде да си одиме одовде, Кристина, – додаде Алис нежно, земајки ја раката на италијанката. – Назаре не е место каде што може да живее модерна жена како тебе.
Кристина грубо ја повлече својата рака.
– Јас немам намера да бегам од никого, – и појасни. – Ако Вашата мајка сака војна, војна ќе добие. И не грижете се за мене. Јас знам како да се грижам за себе. Одете си сега, имам работа.
– Не си одам пред да ме бакнеш за добра ноќ, Кристина, – очајно побара младата Алис, практично нафрлајки се преку рамениците на слугинката.
– Одете си, реков. Ако некој ве види овде, само ќе биде полошо.
Алис ја послуша Кристина бидејки знаеше дека и двете ќе ннастрадаат ако бидат фатени заедно. Замина од кујната среќна, свесна дека ова не е последен пат како што се гледаат.
Естер ја побара својата братучетка во нејзината соба. Но, Лукреција не беше таму. Дури ниту постелата не беше чепната. И падна чудно и се запраша каде би можела да биде по такво невреме, додека надвор паѓааа громови од сите страни.
Во колибата на фамилијата Пантелеон, Енцо отворено ја праша Лукреција дали е поврзна со несреќата на патот, откако таа дојде да го посети по вечерата.
– На еден начин, да, – потврди.
– Објаснете.
– Ќе те замолам да не го кажеш никому она што ќе ти го кажам, Енцо.
– Зборувајте, госпоѓо, – италијанецот стана нетрпелив.
– Јас бев таа која ги плати тие луѓе да ја нападнат твојата сестра.
– И зошто сте го сториле тоа?
– За жал, мојата ќерка Алис е вљубена во Кристина.
Елиса ја напушти фазендата како сенка. Облече мантил против дожд и практичо на прсти, со свеќа во рака го напушти холот на куќата. Се искрадуваше како крадец во ноќта, несвесна дека на верандата ќе ја сретне својата мајка, која ја бараше Лукреција.
– Елиса, што бараш ти овде?
Продолжува во среда…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет