Месец ноември, телевизиската сезона и те како е започната, а репризите на емитувани серии продолжуваат на Телма телевизија.
Па, така во 22.15 часот по репризата на “Беса” ќе следи реприза на уште една српска серија и тоа криминалистичката “Јужни ветер”. По истиот распоред беа емитувани и ланската сезона овој период, а по истиот распоред се и репризите сега.
Реприза и во текот на денот. Мексиканската “Ако не остават” се репризира во 13.30 часот.
За споредба, ланската сезона во текот на денот одеа премиерно две теленовели, а навечер во 22.15 часот одеа премиерни српски серии.
Што се случува со оваа телевизија? Зошто не се откупуваат премиерни содржини за гледачите? Ако наголемо ги фалевме минатата сезона, оваа дефинитивно не го заслужуваат тоа. И за време на претходниот главен и одговорен уредник Атанас Кировски, во текот на денот одеа премиерно серии како Аниела, Измамничка, Росела, Писмо за Евита, Велвет, Горчлива одмазда итн.
Сега ништо од тоа, туку само репризи.
За разлика од Телма, другите национални телевизии уште од септември, па и во текот на летото емитуваа премиерни содржини.
Цел прајмтајм на Сител и Канал 5 е со премиерни серии од Турција, а Алфа емитува премиерна хрватска, две српски серии и турска серија. Освен тоа, Сител премиерно за викендите во доцните часови емитува премиерно и грчка серија и колумбиска крими серија, a секоја вечер на полноќ премиерен американски процедурал.
До кога ќе траат репризите на Телма и дали нешто воопшто ќе се промени? Заслужуваат ли гледачите премиерни содржини во 22.15 часот и во текот на денот како што се емитуваа ланската сезона?
Одговор од телевизијата нема, иако неколкупати објавуваме за оваа проблематика што ги засега и нашите читатели.
Дани | ТВ Пакет