Нина Бадриќ од првиот ден кога се појави на музичката сцена на поранешна Југославија освои со својот магичен глас, позитивна енергија и харизма која никого не остава рамнодушен. И години подоцна, ништо не се промени. Со своите песни знае да расплаче многумина, а со своите шеги да насмее до солзи. Затоа е сакана,почитувана каде и да се појави, и во општеството и на сцената.
Минува низ животот со крената глава и ведар дух. Дури и кога и беше тешко, знаеше дека мора да оди напред, дека тагата и болката нема да траат вечно и дека мора да успее и да биде најдобрата верзија од себе.Нејзината насмевка беше нејзината движечка сила.
Затоа, кога ќе се наврати на својот живот, може да каже дека е среќна жена. Таа го сака животот, а тој ја сака неа. Дише со полни бели дробови, со нетрпение го чека секој ден.Неодамна таа беше во нашиот главен град, повеќе од одлична причина за да биде дел од единствениот естраден магазин кај нас “Бекстејџ”. Отворена, искрена во разговорот но и побара помош од македонската јавност, погледнете го видеото за да видите за што станува збор:
Дани | ТВ Пакет