Додека сите се подготвуваат за Новогодишната ноќ, битолската хип-хоп група Б-Клан напорно работи на новата песна. Тие снимија нов сингл за прв пат во дует со Менде Ѓорѓиевски и Мими Марковски како придружен вокал. Песната носи наслов Среќна Нова Година, и е во РНБ стил. Со оваа песна тие им ја честитаат новата година на своите верни фанови. Песната е дело на младите рапери Дарко и Дејан (Б-Клан) снимена во „Гимел Студио“ кај Мими Марковски како и сите досегашни песни. Во продолжение слушнете ја песната и ги очекуваме вашите мислења.
Ивана Таневска | ТВ Пакет