Почетна / Серии / Прајмтајм на Телма со данската криминалистичка серија „ДНК”
Нова серија од 17 ноември на Телма (1 сезона - 8 епизоди, 2 сезона - 6 епизоди)

Прајмтајм на Телма со данската криминалистичка серија „ДНК”

Истражителот од Кпенхаген, Ролф Ларсен, е во потрага по киднапирана девојка со необична бенка на лицето. Пронајдената ДНК покажува дека киднаперот е таткото. Ролф, сепак не верува во оваа верзија. Некои траги укажуваат на поврзаност со настан во Полска.

Дополнително, од таму доаѓа порака дека некој таму видел исчезнато девојче. Ролф одлучува самиот да замине во Полска, но на патувањето со себе мора да ја земе и својата 11-месечна ќерка. На траект за Германија, во момент на ненимание, бебето исчезнува под трагични околности. Таткото, вознемирен од тага, повеќе не може да ја продолжи истрагата.

Пет години по трагедијата, се појавува нова трага кога се открива сериозен пропуст во националната база на податоци за ДНК на данската полиција. Сфаќајќи дека неговата ќерка можеби сè уште е жива, Ролф се обидува да открие што навистина ѝ се случило со истражување на паралелен случај со врски со меѓународен синџир за трговија со деца.

Ролф ќе добие помош од Клер, искусна француска истражителка која работи на сличен случај. Дали ќе го решат случајот, гледаме во ДНК на Телма. Од понеделник до петок во 20.20 часот

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!