Почетна / Живот / Објавена книга за деца и млади „Алма и седумте чудовишта“

Објавена книга за деца и млади „Алма и седумте чудовишта“

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Алма и седумте чудовишта“ од шпанските писателки Ирија Г. Паренте и Селене М. Паскуал. Автор на илустрациите е Ирис Де Муј, а од шпански на македонски јазик ја преведе Катерина Јосифовска.

Објавувањето на ова дело е подржано од Министерството за култура и Европската унија и е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во оваа и во наредната година во програмата „Креативна Европа“ ќе објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.

  • Имагинарните чудовишта живеат под креветот на Алма, но не станува збор за хорор приказна, иако во неа има стравови и темнина. Ова е поинаква, поучна приказна, во која, како што забележуваат книжевните критичари „се запознаваме со чудовиштата за да им се спротивставиме“, соопштија од издавачката куќа.

Ирија Г. Паренте (1993) и Селене М. Паскуал (1989) се од Мадрид и Виго. Својот прв роман „Хартиени латици“ (2012) го напишаа заедно и го објавија бесплатно на интернет. На тој начин успеаја да привлечат повеќе од 10.000 читатели. Романот ги поттикна да пишуваат и тие продолжија да творат.

Во 2014 година го објавија романот „Алијанси“, првата книга од трилогијата „Приказни за полната месечина“.

Популарниот шпански дневен весник Ел Паис го прогласи овој роман за една од најдобрите книги за млади во 2014, а во 2015 година, со истиот роман ја освоија позната национална книжевна награда El templo de las mil puertas.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!