По завршетокот на “Забрането јаболко” на Канал 5 телевизија во истите термини ќе се емитува нова драма полна со пресврти и стапици во име на правдата и желбата за одмазда.
Правдата може да се добие само со изигрување на законите затоа што на сите им е премногу страв да гледаат на другата страна или да превземат чекор контра оние поголемите, помоќните, побогатите.
Сплетки, подметнувања и акции следуваат на патот на одмаздата. Пат во кој многу работи ќе бидат нејасни, каде никој не знае кој кому му е пријател, а кој непријател и кој кому ќе копа гроб за да самиот на крај падне во него.
Кој ќе му суди на тој што убил нечие небо, гледаме од понеделник во 22.10 часот на Канал 5. Од одлуките во минатото нема бегање!
Дани | ТВ Пакет