Почетна / Сапуници / Време е да паднеме во „Замка“, нова серија на Канал 5

Време е да паднеме во „Замка“, нова серија на Канал 5

Умут, маркантен и храбар човек, во потрага по правда за своето семејство но и за многу други, уништени од страна на еден безмилосен и опасен бизнисмен.

Правдата може да се добие само со изигрување на законите затоа што на сите им е премногу страв да гледаат на другата страна или да превземат чекор контра оние поголемите, помоќните, побогатите.

На смртната постела на својот татко, тој се заколнува дека ќе ја одмазди неговата смрт, а поддршка ќе добие од братот Махир и сестрата Умај, кои се тука за една заедничка цел – одмазда. Патот го води до богатото семејство Ѓумушај чиј водич е доминантниот господин Демир.

Демир, како и неговите три деца Џерен, Мете и Ѓувен, се наоѓаат во голема неволја кога непознат непријател почнува да го уценува семејството. За да се спасат, тие го најмуваат Умут, кој под лажен идентитет решава да работи за богатото семејство.

Сега тој е Чинар Јилмаз, кој во заседа подготви замка за богатото семејство и сега е на чекор да ги реализира работите онака како што ги замислил. Тој стана валкан адвокат за да ја заслужи довербата на ова непријателско семејство, но во исто време, тој ќе мора да се бори со своите чувства кон Џерен, ќерката на неговиот заколнат непријател.

Сплетки, подметнувања и акции следуваат на патот на одмаздата. Пат во кој многу работи ќе бидат нејасни, каде никој не знае кој кому му е пријател, а кој непријател и кој кому ќе копа гроб за да самиот на крај падне во него.

Од понеделник до петок на Канал 5 – премиера во 22.10 часот, реприза во 15.35 часот наредниот ден. “Замка” на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!