Почетна / Телевизија / Сител ги намалува репризите на турски серии – воведува нови содржини

Сител ги намалува репризите на турски серии – воведува нови содржини

Сител телевизија воведува премиерни содржини во текот на скоро целиот ден.

Па така, моментално е единствена македонска телевизија која емитува три светски формати во своја продукција – секојдневно “Сѐ или нешто” (Deal or no deal) и “Брза кујна” (Ready, steady, cook), а тука и е викенд форматот “Листа за 300” (Who dares wins).

Освен овие телевизиски шоуа, за време на викендите на оваа фреквенција се прикажуваат и најгледаните регионални музички шоу програми како Ѕвездите на Гранд и Никогаш не е доцна, а за публиката која ужива во македонска традиционална песна и култура, тука се Качамак и Мерак меана.

Како што веќе пишавме, во својата програма, Сител ги враќа најновите празнични емисии на Практична жена со која ќе се дружите секој ден по пладневните вести и за радост на многумина, со тоа се намалува времетраењето на репризите од турските серии.

Телевизија Сител продолжува и оваа, а и следната година со емитување на американски хит полициски серии точно на полноќ за разлика од другите приватни национални телевизии кои не емитуваат американски серии.

Ако американски полициски истраги следиме од понеделник до петок навечер, тогаш за викендите повторно странска продукција каква што нема на другите телевизии, односно колумбиска нарко акција и грчка драма за викендите по полноќ.

А секое неделно пладне во Кино Македонија, оние кои си ја сакаат татковината имаат единствена можност да се потсетат на најголемите македонски филмски класици.

А кои светски филмски класици следуваат празнично, останува да видиме. Затоа, гледајте македонска програма, гледајте разновидни содржини, бидете на Сител.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!