Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска. Според МРТ, ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година.
МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. И оваа година место на овој спектакл ќе имаат регионалните земји како Србија, Хрватска, Албанија, Словенија и Грција кои на своите гледачи ќе им понудат светска забава, светска продукција, но и нови искуства од најголемиот забавно музички настан во светот.
Дани | ТВ Пакет