Креативниот супервизор за изборот на српски претставник за Евровзија, Оливера Ковачевиќ, во последната епизода на подкастот на РТС “Еврововизиски приказни” зборувајќи за претстојниот српски избор, истакна дека Србија во догледно време не планира да се врати на Јуниорската Евровизија. Беше нагласено дека Србија поради финансиски причини се откажала од Јуниорската Евровизија, но и поради немање на интерес од страна на композиторите.
Според Оливера бројот на песни добиени за детската Евровзија можеле да се набројат само на една рака. Но, затоа за Евровизијата во Малме, Радиотелевизија Србија добиле рекорден број на песни, вкупно 235, додека пак лани имале 185 песни.
- Од година во година расте бројот на песни пријавени за српскиот избор за Евровизија. Некаде пред Нова година ќе се објават од 30 до 34 песни кои ќе се натпреваруваат на фестивалот Песна на Евровизија 2024 -истакнува Ковачевиќ.
Дани | ТВ Пакет