Како што веќе можевте да прочитате, соседна Србија не планира да се врати на Јуниорската Евровизија во догледно време. Причините за тоа се финансиски, но и слабиот интерес од публиката. Но, треба ли и ние да го следиме тој пример?
Веројатно МРТ по примерот на РТС и треба да се откаже од Јуниорската Евровизија и тие финансиски средства да ги насочи кон главната Евровизија каде учествуваат повеќе од двоен број на држави за разлика од детската. Со тоа би се нашло и начин како да се зголеми интересот и да се врати сјајот на нашите претставници на главната Евровизија бидејќи очигледно е дека од соседните држави скоро никој не учествува на детската Евровизија освен Албанија. Не учествуваат Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, а сепак учествуваат на главната Евровизија.
Дани | ТВ Пакет