Балканот повторно на колена. Најголемата македонска ултра ѕвезда Каролина ја промовираше песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, а наменета за целиот регионален пазар.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студио Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.
Публиката која веќе ја слушна моќната балада која предизвикува ежење од прв до последен тон, со гордост и задоволство кажува дека ова е уште едно ремек дело на супербрендот кое доловува невидена емоција токму благодарение на вонвременскиот глас на Каролина и автентичниот начин на нејзина интерпретација.
Во овие зимски тмурни денови, слушајте ја Дај на сунца и уживајте во најдоброто од Македонија. Сега и засекогаш – величествената Каролина Гочева!
Дани | ТВ Пакет