„Моето дете“ е насловот на новата телевизиска емисија која започна да се емитува на Телма во сабота во 13 часот. Секоја сабота „Моето дете“ ќе обработува теми поврзани со трудници, бебиња и деца.
„Интересни содржини од кои ќе научите нешто ново за себе и за своето дете. Во првата емисија ќе слушнете што е најдобро да и поклоните на една трудница, ќе ви дадеме предлог каде да ја поставите новогодишната елка и да ја зачувате од љубопитните рачиња на вашето дете и ќе видите што најмладите можат да научат од новогодишните театарски претстави и што вкусно да зготвите за нив“, велат од продукцијата Деосол, која ја подготува и реализира оваа емисија.
Ивана Таневска | ТВ Пакет