Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Ацо Пејовиќ којшто е закажан за 23-ти декември, односно оваа сабота во арената ,,Борис Трајковски”, а истиот е пред распродавање, велат организаторите.
Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста беше голем, исто како и за претходните концерти на Ацо Пејовиќ. Така што, на три дена до стартот на концертот, останати се уште мал број на влезници, а истите можете да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2. Организаторите од „Balkan Media Production” имаат изненадување за фановите.
Ацо Пејовиќ ветува дека на своите фанови со овој предновогодишен концерт ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.
Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со Ацо Пејовиќ и подгответе се за шоу!
Дани | ТВ Пакет