РТС ги објави имињата на 28-те учесници на српскиот избор за Евровизија 2024, кој ќе се одржи на 2 март 2024. По 14 учесници ќе бидат поделени во две полуфиналиња на 27 и 29 февруари. Рекорден број на песни – вкупно 235 беа поднесени до РТС оваа година и од година во година интересот е сѐ поголем.
Тоа се заклучува и од учесниците кои не се само нови лица, туку веќе и познати и етаблиарни на српската естрада, а плус и поранешни учесници на Евровизија. Па, така Констракта по петтото место во Торино, Италија во 2022 година, ќе се бори за второ учество во Малме со песната “Novo, bolje”. Од другите учесници кои се познати на јавноста се: Зорја, Филип Балош, Бресквица, Мартина Врбос, Филари, Зејна и други. Особено се истакнува учеството на Тик Ток, сензацијата Теја Дора позната по песната “Џанум”, а на српскиот избор ќе настапи со песната “Ramonda”.
Бидејќи Македонија втора година по ред нема да учествува на Евровизија, ни останува да уживаме во песните и настапите кои ќе ги приредат нашите соседни земји.
Дани | ТВ Пакет