Резервистот на израелската армија, Шаул Гринглик е убиен во појасот Газа, само неколку недели по аудицијата за телевизиското шоу за песна на Евровизија како претставник на Израел.
Тој на 3 декември се појави во емисијата „Израелската ѕвезда во подем“ додека бил на одмор, откако се мобилизирал во војната против Хамас.
Облечен во војничка униформа, тој отпеа популарна балада и доби „зелено светло“ за следната селекција. Еден од судиите, пишувајќи по смртта на Гринглик во судирите во северниот дел на Газа, рече дека Шаул се откажал од натпреварот поради неговите должности.
– Оваа година ја замислив поинаку, година на моите аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Новиот, поинаков сон ќе треба да почека малку – напиша Гринглик во објава на 14 декември на Фејсбук.
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евровизија, иако земји со воени конфликти го потврдија своето учество како Украина, Израел и Ерменија.
Дани | ТВ Пакет