Почетна / Филм / Бадник на Телма во 20 часот со драматичниот трилер „The fifth estate″

Бадник на Телма во 20 часот со драматичниот трилер „The fifth estate″

Драматичен трилер заснован на вистински настани и приказна која суштински го потресе светот откривајќи ги тајните информации на најмоќните сили.

Приказната започнува кога основачот на Викиликс Џулијан Асанж (Бенедикт Камбербач) и неговиот колега Даниел Домшајт-Берг (Даниел Брул) се здружуваат за да надзорници на привилегираните и моќните. Тие создаваат платформа која им овозможува на свиркачите анонимно да објавуваат тајни податоци, фрлајќи светлина на темните точки на владините тајни и корпоративните криминали.

Наскоро, тие објавуваат повеќе опасни вести отколку најлегендарните светски медиумски организации заедно. Но, откако Асанж и Берг ќе добијат пристап до најголемата ризница на доверливи разузнавачки документи во историјата на САД, тие се борат еден со друг. Прашање на нашето време е: која е цената на чување тајни во слободно општество и која е цената за разоткривање на истите?

Петтиот сталеж во модерната терминологија значи блогери и членови на алтернативно новинарство. Овој филм ја прикажува нивната мисија да ги откријат измамите и корупцијата во владејачките класи и нивното прераснување во организација од чии информации се плашеа и најмоќните.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!