Почетна / Серии / Секоја недела во 18.10 часот на Алфа – комедијата „Конакот кај Хилмија″

Секоја недела во 18.10 часот на Алфа – комедијата „Конакот кај Хилмија″

Конакот кај Хилмија е телевизиска серија од Босна и Херцеговина, која беше снимена во 2017 и 2018 година во режија на Елмир Јукиќ, а сценарио на Феѓа Исовиќ.

Проектот е еден вид продолжение на повеќегодишната серија Луд, збунет, нормален од истиот сценарист. Дејството на серијата е сместено во окупираното Сараево за време на Втората светска војна. Сите го посетуваат Конакот на Хилмија: од комунистички илегалци, усташи, четници, војници на дивизијата Ханџар, па сè до германските војници и командантот на градот, каде си прават заговори пред нос во кои националните интереси стануваат помалку важни од личниот материјален интерес.

Ова интересно место дополнително ќе го зачинат двајца рудари, партизански илегалци скриени во подрумот на гостилницата, кои имаат задача да ископаат тунел до германскиот магацин за оружје.

Хумор секоја недела по централните вести на Алфа. 24 продолженија во времетраење од околу 35 минути.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!