Гледачот од Битола што се јави во емисијата на Јанко „Јади бурек“ која се емитува на Сител 3, забележа дека она што го слуша преку телефонската слушалка не се совпаѓа со она што го слуша од телевизискиот приемник, односно звукот доцнел, што е нормално. Јанко се пошегува со гледачот и му рече да ја спушти слушалката и да зборува со телевизорот, но гледачот тоа го сфати сериозно и навистина се обиде да зборува преку телевизорот.
Крис Манев | ТВ Пакет