Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Десингерица за „Бекстејџ“: Појак сум од градоначалникот на Бања Лука

Десингерица за „Бекстејџ“: Појак сум од градоначалникот на Бања Лука

Драгомир Деспиќ, попознат по неговото уметничко име Десингерица, е српски рапер роден 1993 година во Белград. Од мали нозе играше кошарка, а од 2019 година се занимава и со тетовирање, кога отвори и студио за тетовирање.

Својата музичка кариера ја започна во 2022 година, кога го издаде првиот сингл “Kucci Kucci ” со Лука Бијеловиќ, попознат како Пљугица. Песната брзо го привлече вниманието на публиката и медиумите со оглед на тоа што тие го запреа автопатот заради снимање на спотот. Нивниот најголем настап беше на фестивалот „Belgrade Music Week”, кога настапија пред неколку десетици илјади луѓе и симулираа врски со поливање со пиво и ставање лименки на гениталиите. Десингерица и неговиот колега се доста контроверзни, а летово сите останаа шокирани од видеото на кое раперот удира со патика по глава девојка од публиката.

Сите беа шокирани од неговата неодамнешна изјава за жените и родителството. „Миење садови, менување на облеката на детето, тоа се работи што една жена треба да ги прави, брат. Нормално е, женско е, не можам да го исчистам бебето и тоа с**т. Не може. Тука сум да ја сакам и да и дадам се што и треба и повеќе. И да ја воспитам ако треба, нормално”, изјави тој во една емисија. Во средината на август 2023 година, Драшко Станивуковиќ, како градоначалник на Бања Лука, му забрани да настапува во градот поради наводно промовирање погрешни вредности, додавајќи дека „го забранил примитивизмот, а не уметноста”. Драшко Станивуковиќ градоначалникот на Бања Лука изјави дека не го поддржува концертот на раперското дуо Десингерица (Драгомир Деспиќ) и Пљугица (Лука Бијеловиќа) што треба да се одржи во Република Српска и посочи дека „нема да можат да настапат во Бања Лука”.
Контроверзниот рапер му одговори на градоначалникот во интервју за единствениот естраден магазин “Бекстејџ„
И покрај сите скандали, се чини дека контроверзниот српски рапер е многу популарен меѓу македонската младина. Неговите настапи се многу посетени и не е првпат неговите песни да се во трендинг на јутуб, а за само една година се здоби со статус на еден од најпопуларните трапери-рапери во регионот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!