Почетна / Сапуници / Книгата за „Девојката од прозорецот” ја надмина и „Лисјата” во читаност

Книгата за „Девојката од прозорецот” ја надмина и „Лисјата” во читаност

„Огнот од болката, претрпена кога бевме мали, не гасне лесно, не се заборава лесно, а неговите траги ги носиме со нас во текот на животот. Љубовта е таа која гори, а да се ​​биде изневерен секогаш многу боли. Ги препознаваме луѓето кои ќе нè натераат повторно да ги оживееме детските болки и се заљубуваме во нив, а не во некој друг. Но, зошто? Нашата судбина е запишана во куќите во кои сме родени. Повторно се повредуваме во тие куќи, растеме со тие рани и на крајот одиме таму каде што тие рани нè носат. Но, среќата не е секогаш на тој пат.”

Ова е само дел од страниците на бестселерот за “Девојката од прозорецот”, напишана од врвната турска авторка Ѓулшерен Будаичиоглу, а инспирирана од вистинска приказна за тешкото детство и младост на една убава и богата девојка.

Книгата предизвика големо внимание и читаност во Турција, каде читателите и критиката ја споредија со тежината која ја носи една книга како “Кога лисјата паѓаат” на авторот Решат Нури Ѓунтекин.

Драми со големи животни поуки и приказни од кои запира здивот. Како и за Лисјата, така и за Девојката, книгата беше предизвик за турските продукции да ја екранизираат во една модерна и моќна серија. Серија со големи емоции и неочекувани пресврти.

За миг, доживејте ја моќта на пишаниот збор преку вонвременското телевизиско дело “Девојката од прозорецот”, која сега имаме ексклузивна можност да ја следиме на Сител телевизија секој работен ден во 22.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!