Американскиот актер Дејвид Гејл почина на 58-годишна возраст. Актерот беше познат по улогата на богатиот Стјуарт во популарната серија “Беверли Хилс”, каде толкуваше дечко и свршеник на главната јунакиња Бренда Волш во текот на неколку епизоди.
Тажната вест ја потврдија неговиот долгогодишен пријател Питер Фериеро, како и неговата сестра Кејти Колменарес. Сепак, причината за смртта на актерот не е јавно објавена.
“Едвај да има ден во мојот живот кога не си бил покрај мене. Секогаш мој лидер, мој најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш ќе те чувам толку цврсто во срцето секој ден”, напишала Кејти на Инстаграм.
Гејл беше познат и по улогата на др. Џо Сканлон за време на две сезони на „Порт Чарлс“, а македонската публика го памети и по главната улога во “Дружината на Робин”, серија која се емитуваше секој петок на МРТ 1, …
… како и во познатата сапуницa “Савана”, прикажувана на А1.
Дани | ТВ Пакет