Почетна / Серии / Адвокатската трилер серија за „Фирмата“ во 22:15 часот на Телма

Адвокатската трилер серија за „Фирмата“ во 22:15 часот на Телма

„Фирмата“ е драмска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Премиерно на Телма од понеделник, 5 февруари во 22.15 часот.

Серијата која ја продолжува приказната за адвокатот Мичел МекДир, кој како млад соработник, 10 години претходно, ја срушил престижната адвокатска канцеларија во Мемфис на Бендини, Ламберт & Лок, која работела за мафијата во Чикаго.

По тешка деценија, која вклучувала престој во Федералната програма за заштита на сведоци, МекДир и неговото семејство сега излегуваат од изолација за да ги вратат своите животи и својата иднина. Основаат своја адвокатска канцеларија и продолжуваат со работа, но наскоро ќе увидат дека опасностите од минатото сè уште демнат и новите закани се насекаде.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!