И покрај тоа што е повторно со нејзиниот сопруг, Емили Тејлор станува сериозно депресивна со емотивни епизоди и обиди за самоубиство. По разговорот нејзиниот претходен лекар, нејзиниот психијатар, Џонатан Бенкс, ѝ препишува експериментален нов лек наречен Абликса, но несаканите ефекти на лекот водат до тоа Емили да го убие својот сопруг, додека е во состојба на „месечарење“.
Емили се спогодува да биде затворена во ментална болница, кариерата на д-р Бенкс се распаѓа како и се околу него, а случајот изгледа решен. Сепак, д-р Бенкс не може да прифати целосна одговорност и почнува да истражува со цел да го расчисти своето име. Она што следи е мрачна потрага која се заканува дека ќе го распарчи она што останало од неговиот живот, дури и кога ќе ја открие ѓаволската вистина за оваа трагедија.
Сабота, 3 февруари, 22.15 часот, Телма телевизија, психолошки трилер.
Дани | ТВ Пакет