Почетна / МК Сцена / Новата песна на Александра Јанева предизвика реакции во јавноста

Новата песна на Александра Јанева предизвика реакции во јавноста

Изминатата недела, македонската поп-пејачка Александра Јанева го промовираше своето ново музичко дело „Дождови” кое е уште едно во низата одлични песни кои Јанева ги создава за својата публика. Првите реакции за „Дождови” се одлични и композицијата наиде на навистина позитивни коментари од страна на публиката.

Ни букет од рози не те пере сега, ни океани солзи не те вадат сега” се можеби и стиховите кои привлекоа најголемо внимание и оставија најдобар впечаток, како кај Александра, така и кај публиката. Па прашањето кое се наметнува само по себе е, дали материјалните нешта и утешните награди кои сте ги добиле, можат да го заменат искреното извинување? На крајот од денот, несогласувањата се поправаат со зборови и дела, а не со материјални нешта.

„Колку пати сте добиле материјални нешта во знак на извинување, а не сте го слушнале зборот извини, кој вистински ви бил потребен за да ви ја намали болката, разочарувањата?…извинувајте се со зборови, со цела душа, а букети давајте исклучиво од љубов, на оние кои ве инспирираат и ви го прават животот и секојдневието поубаво”. – вели Александра.

Инспирирана од сето ова, Александра направи и интересна фотосесија, а на социјалните мрежи ја поддржаа многу македонски јавни личности.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!