Во продолжение, целосно Соопштение за одржана Конституционална Седница за формирање на интерпарламентарно интерпартиско тело за поддршка на маргинализирани жени и девојки, со фокус на самохрани мајки и еднородителски сеејства: Институционална поддршка за самохраност и еднородителски семејства :
На 5.2.2024 година, со почеток во 10 часот во Собранието на Р. Македонија, одржана е СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ и Клубот на пратенички, а по иницијатива на ГО „Една може!” и Мрежата “ЈУНАЈТЕДФЕМ” Скопје, по програма Конститутативна средба на Интерпартиската парламентарна коалиција за унапредување на статусот на еднородителските семејства, самохраните родители, девојки и жени од маргинализирани групи
На седницата главно обраќање имаше Претседателката на организацијата и Директорката на ЈУНАЈТЕДФЕМ, родова експертка Мр. Дороти Пачкова при што ја посвети свеченоста на секоја една жена со која стапила во контакт изминатите 10 години, на нововеквните жени и се осврна на почетоците на феминистичките заложби, за потребата од оваа Коалиција, за целите и приоритетните полиња за работа.
Професорката Др. Гордана Силјановска Давкова, даде свој увид за ова како што кажа: “посебно чувствително прашање”, напомена дека говорот на Дороти уште долго ќе го памти Собранието и присутните и по дневниот ред, се избраа Претседателка и Потпретседателка на новоформираната Интерпарламентарна Коалиција.
За Претседателка, Професорката Давкова по интерни преговори, ја Предложи Пратеничката Ели Панова а сите присутни пратенички едногласно ја изгласаа.
За Потпретседателка, исто така едногласно ја избраа и ја изгласаа Пратеничката Марија Костадинова. Двете Пратенички се членки на КЕМ и Клубот на пратенички при Собранието на Р. С. Македонија. Двете новоизбрани Претседателка и Потпретседателка, се огласија со суштествени говори, како за нив лично и професионално е важана оваа многу сериозна тема, и се обврзаа да ги вложуваат своите професионални капацитети во подобрување на проблематиката со самохраноста и еднородителството.
Со формирање на оваа интерпартиска парламентарна коалиција, борбата за подобрување на состојбата на самохраноста и еднородителството, се фокусира на трасирање институционален пат, институционална меморија и долгорочни системски измени за целната група. Членки на новоформираната коалиција се над педесетина (50) пратенички, од сите парламентарни партии, групи, комисии, етникуми и возрасти. “Чест и задоволство е да се биде дел од овој свечен чин, преку кој ги отвараме портите кон осовременување на општеството”, изјавуваат од Една може и ЈунајтедФем.
Оваа Собраниска седница е иницирана и прифатена по децениска борба за поместување од мртва точка кон подобрување на правата и состојбата на еднородителските семејства и на самохраните мајки во Р. С. Македонија, а нашиот Прламент е прв на Балканот со овој бид на интерпарламентарна коалиција.
Со почит,
Една може! и ЈУНАЈТЕДФЕМ
Дани | ТВ Пакет