Почетна / Сапуници / Фото | Синооката Аурора од „Тоскана“ е Украинка по потекло

Фото | Синооката Аурора од „Тоскана“ е Украинка по потекло

Дознајте нешто повеќе за преубавата Аурора од “Тоскана”, серијата на ТВ 24

Италијанската новела “Страст во Тоскана” особено плени поради интиргантната приказна и убавите пејсажи, но и поради преубавата актерска екипа, меѓу кои и главната хероина Аурора.

Нејзиниот лик го толкува Ана Сафрончик, родена во Киев во 1981 година. И двајцата родители и биле ѕвезди во Националната Опера и Балет во Киев – мајка и Лилиа била примабалерина, а татко и Евгениј е тенор. Со родители кои се израснати и творат на сцената, Ана уште од мали нозе била во допир со публика, со магијата на камерата, нa аплаузот. На 5 години настапува со своите родители на сцената на Опера и Балет, и од тогаш се отвораат вратите кон славата што следува.

На 7 години започнува да учи во Националната академија за глума во Киев, а на 12 години заедно со мајка и’, се сели во Италија. Во 1998 година се натпреварува за Мис Италија, а истата година дебитира и на големото платно.

Следуваат низа филмски и телевизиски улоги, а првиот голем успех го доживува во италијанската сапуница “Излог на страсти” (Канал 5) толкувајќи го ликот на Ана Балди. Серијата “Излог на страсти” е една од најгледаните сапуници во Италија, која достигнувала и до 5 милиони гледачи на ден. Освен во таа серија, глуми и во многу други, меѓу кои и во “Елиза” (Канал 5).

Миленичка на публиката станува во 2012 година кога добива главна улога во успешницата “Тоскана”. Во Тоскана, нејзиниот лик Аурора е во постојана борба меѓу љубовта кон Алесандро и желбата да му се одмазди поради неправдата која и’ ја сторил. Во мистичните и убави полиња на Тоскана, таа ќе мора да ја открие големата тајна за нејзината мајка, и да ја предочи на виделина целата вистина за големите злосторства во тоа место.

Инаку актерката за нејзината улога и за себе ќе каже :

– “Тоскана” е драматична серија полна со акција и пресврти, но и многу романтика. Чест ми е што бев дел од оваа новела, и што глумев рамо до рамо со одлични актерски имиња во Италија. Мојот лик Аурора е многу сличен на мене во некои ситуации. Таа е чувствителна, некогаш и премногу, како што сум и јас, приватно.

Покрај улогите во серии и филмови, јас сум како и сите девојки на моја возраст. Работам, навечер излегувам со пријателите во пицерија, многу обожувам да гледам филмови, ги сакам мачките… Дома имам две мачки, кои се моите најголеми љубови, и кои се замена за мое семејство кое во моментов сеуште го немам, но се надевам дека наскоро ќе го имам.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!