Естер гледаше во писмото кое на нејзиниот кревет го остави Кристина. Се трудеше да биде мирна иако срцето можеше да и излезе од градите. Беше свесна за што се е способна таа жена.
– Од каде ти е ова писмо, Кристина?
– Го најдов во собата на мојот брат.
– И што сакаш? Сигурна сум дека не дојде тука за ништо.
– Не, овој пат навистина не сакам ништо. Само да знаете дека ми е мило што мојот брат ви го украл срцето.
– Како можеш да кажеш нешто такво, Кристина? Во овој момент јас само сакам да се врати мојот сопруг.
– Секако дека ќе се врати. Бидете мирна. Ќе се врати и Енцо.
– Излегувај од мојава соба!, – извика Естер покажувајки и ја вратата.
– Не берете гајле, доња, од моја уста нема никој да дознае. За сега, – додаде и ја напушти собата.
Лукреција стоеше со спуштена глава пред својата ќерка, додека Анибал се обидуваше да објасни, иако не требаше никакво објаснување за она што Алис го виде. Беше јасно како ден.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 36 – „Жена на која не и се допаѓаат мажи“
Естер гледаше во писмото кое на нејзиниот кревет го остави Кристина. Се трудеше да биде мирна иако срцето можеше да и излезе од градите. Беше свесна за што се е способна таа жена.
– Од каде ти е ова писмо, Кристина?
– Го најдов во собата на мојот брат.
– И што сакаш? Сигурна сум дека не дојде тука за ништо.
– Не, овој пат навистина не сакам ништо. Само да знаете дека ми е мило што мојот брат ви го украл срцето.
– Како можеш да кажеш нешто такво, Кристина? Во овој момент јас само сакам да се врати мојот сопруг.
– Секако дека ќе се врати. Бидете мирна. Ќе се врати и Енцо.
– Излегувај од мојава соба!, – извика Естер покажувајки и ја вратата.
– Не берете гајле, доња, од моја уста нема никој да дознае. За сега, – додаде и ја напушти собата.
Лукреција стоеше со спуштена глава пред својата ќерка, додека Анибал се обидуваше да објасни, иако не требаше никакво објаснување за она што Алис го виде. Беше јасно како ден.
– Алисиња, јас…
– Не, нема потреба да се правдаш, Анибал. Барем сега сфаќам во кого си вљубен.
– Замолчи, Алис!,- ја прекори нејзината мајка.
– Алисиња, јас те молам да разбереш…
– Анибал, навистина ми е сеедно, – рече мирно девојката.
– Зарем не сум ти важен?
– Не. Воопшто. Всушност не занете колкав камен од душата ми тргнавте. Иако, морам да признаам дека никогаш не би можела да те замислам како очув, – додаде и почна да се кикоти.
– Не се потсмевај на ситуацијата, – ја прекори нејзината мајка.
– Алисиња, ова е многу сериозно…
– Секако дека е сериозно. Мојата драга мајка не е било која жена. Таа е сериозна жена. Почитувана.
– Нема да го трпам твојот сарказам, Алисиња, – ја прекори Лукреција.
– Во оваа ситуација е најважно што јас нема да треба да се мажам за Анибал.
– Грешиш! Секако дека ќе се омажиш за Анибал. Тоа е единствен начин да прстанеш да го водиш тој твој скандалозен живот.
– На што се однесува тоа, Лукреција?, – праша Анибал.
– Ништо. Извини, Анибал но има нешта за кои не би сакала да разговарам.
– Мојата сакана мајка мисли на мојата болест, – Алис го удостои со одговор својот несуден вереник.
– Каква болест?
– Алисиња е умоболна, не знае што зборува, – рече Лукреција.
– Проблемот е во тоа што за малку ќе се оженеше со жена на која не и се допаѓаат мажи, – одговори Алис во еден здив.
– Што?, – праша Анибал со суво грло.
– Не ја слушај, Анибал, кутрата не знае што зборува. Излегува јодовде, – Лукреција ја истурка својата ќерка до вратата на собата, пред да каже уште нешто што може да го загрози престижот.
– Мене ми се допаѓаат жени, Анибал, – додаде Алисиња која повеќе не можеше ништо да ја спречи. – Затоа мајка сакаше да ме омажи по секоја цена.
Врелата кујна ја потеше Марија Грација, а уште повеќе ја нервираше мешањето на Антенор, кој одеднаш имаше толку многу прашања.
– Каде се видело еден господар да и подари парче земја на обична слугинка?
– Мајка работеше целиот живот за Кастењон, – беше одговорот на Марија Грација, додека ја мешаше кашата над огнот.
– И што значи тоа, жено? Дека сега сте сопственици на земја, исто како Кастењон?
– Отскогаш сум сонувала да имам свое парче земја и сега конечно имам. Парче земја, Антенор која ни припаѓа нам и на никој друг.
– Ти само сонувај Марија Грација, ти и твојот брат, бидејки дон Фаусто никогаш нема да дозволи да ја имате таа земја.
– Постојат тапии и ниедна сила нема да може да ни ги одземе.
– Тапиите се се што ќе ви остане, проклета жено, бидејки дон Фаусто никогаш нема да ја даде својата земја.
Анибал имаше толку многу прашања. Беше помеѓу два огна. Од една страна ќерката признаваше една вистина во која никој не можеше да се посомнева а од друга, мајката ја негираше истата.
– Дали е вистина она што го говори Алисиња, Лукреција?
– Не, немој да и веруваш бидејки е многу нервозна.
– Тогаш кажете ми ја вистината, бидејки…
– Анибал, мене ми се допаѓаат жени, – прецизираше Алисиња, збор по збор.
– Доста!, – хистерично извика Лукреција. – Доста!
– Нашиот брак ќе беше само една голема фарса. Мене не ме привлекуваш, а ти си вљубен во мојата мајка, – за крај додаде Алис и истрча од собата.
– Анибал, – почна Лукреција, прочистувајки го грлото. – Дозволи ми да ти објаснам.
Но тој не сакаше да слуша. Само ја напушти собата, оставајки ја Лукреција сама.
Ручекот беше навреме послужен како и секој ден претходно, но никој немаше волја да касне од спременото. На останатите работници во потрагата им се придружија Антенор, Анибал и Рикардо. Куќата беше само со жени.
– Зарем нема да пробате од месото, госпоѓо?, – Марија Грација ја праша Естер чија чинија беше недопрена.
– Не, благодарам.
– Но, морате да јадете нешто. Моналиса ми кажа дека не сте ни појадувале.
– Навистина не можам…
– Не престанав да се молам цело утро, – рече Антониета, стоејки настрана гледајки како полсугата служи.
– Само да се вратат Фаусто и Енцо живи и здрави, – воздивна Естер.
– Мислев дека ти е сеедно за Енцо, мајко, – саркастично и дофрли Елиса.
– Истото сакав да го речам и јас, – се надоврза Антониета од страна.
– Фаусто ми е сопруг, но тоа не значи дека му посакувам зло на братот на Марија Грација.
– Ви благодарам, госпоѓо.
– Но, тој човек е виновен за сите трагедии, – додаде Антониета.
– Јас навистина не знам зошто Антониета има право да го искаже своето мислење, – се замеше Лукреција, вознемирена поради мешањето на послугата.
– Жалам, Лукреција, но се работи за животот на Фаусто.
И одеднаш, како гром од ведро небо, во трпезаријата влезе Фаусто во придружба на своите два синови. Жените крикнаа среќно и изрипаа од трпезата. Откако се уверија дека е добар без посериозни последици, Елиса инстинктивно праша за Енцо.
– Не сакам да го слушнам уште еднаш името на Енцо Анџели во оваа куќа. Тој човек повеќе не постои за фамилијата Кастењон. Марија Грација, сакам да разговарам со тебе, – и се обрати на готвачката, покажувајки и го патот кон кујната.
***
– Значи ти знаеше се уште од почетокот?
Марија Грација со спуштена глава потврди. Немаше храброст да го погледне во очи својот Господар. Се плашеше од неговата реакција.
– И зошто не ми кажа веднаш откако ти кажала мајка ти?
– Бидејки се плашев, газда.
– Јас морам секогаш прв да дознаам што се случува во оваа куќа, – и го истури сиот свој бес, викајки и на уво.
– Никогаш не очекував дека мајка ќе ми каже таква тајна.
– Тили лажела!
– Не верувам, газда.
– Зошто? Зар и ти мислиш дека Енцо е син на мојот татко?
– Да. Јас од мала бев сведок на аферата помеѓу дон Ињаки и мојата мајка.
– Мојот татко беше чесен човек, угледен и почитуван господин кој ја љубеше мојата мајка, по ѓаволите!
– Можеби било така, но дон Ињаки често ја посетуваше мојата мајка.
– Никогаш да не си го повторила тоа или ќе ти ја зашијам устата, проклета италијанко!
Криците на Фаусто беа болни и хистречини. Се вртеше низ собата како лав во кафез удирајки пред себе во се што ќе наиде.
– Не сакам да чујам дека тој човек е мој…
– Ваш брат, – додаде Марија Грација.
– Излегувај одовде. Излегувај пред да те убијам!, – замавна со раката но Марија Грација ја напушти кујната пред да ја удри.
Во момент на неконтрола ги истури сите тенџериња од печката, сите садови од масата. Порцеланот се раскрши на парчиња, но тоа не ја смири неговата болка.
– Како можеше да ми го сториш ова татко?, – праша гласно и посегна по најголемиот касапски нож кој го најде.
Истрча од кујната како да го гонеше пуштен пес. За миг се најде во големиот салон каде што над каминот стоеше портретот на Ињаки Кастењон, портрет кој висеше на тоа место повеќе од триесет години. Со ножот го раскина немилосрдно, како да распарчува најголем душман.
– Проклет старец, – повторуваше додека парчиња од портретот паѓаа на подот.
Продолжува во понеделник…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет