Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема без конкретен одговор затоа што не секој го доживува балканскиот маж на ист начин.
Пејачот Драган Николовски не знае да вклучи машина за перење, докторот Злате Мехмедовиќ не сака да усисува по дома, оперскиот пејач Иван Наумовски не знае да поправи казанче, додека професорот Методи Хаџи Јанев никогаш не морал да бара помош за локација при патување затоа што тој секогаш мора да знае каде се наоѓа.
Дали овие карактеристики на нашите гости ги прават нив повеќе или помалку балкански мажи, што всушност значи балкански, а што современ маж?
Драган Николовски ќе каже: „Во помодерно време има мажи и мажи, дали се балкански или не се повеќе се современи, многу примивме од тоа западњачкото, почнуваш да не познаваш веќе кои се жени, а кои мажи во кафана”, рече тој, на што Злате Мехмедовиќ додаде дека ДНК треба да им правиш за да дознаеш.
Мето Хаџи Јанев гордо признава дека е прав балканец и не гледа ништо лошо во тоа. „Кај нас е извулганизиран тој термин „балканец” тоа дојде со онаа девастација што настана со транзицијата на општетвото – да плукаме по се она што е од стариот систем”. Според него, балканските мажи се комуникативни, забавни, мачо-менови и Џејмс Бонд за девојките.
Гледајте „Нешто конкретно” со Снеже Велков секој недела на Телма во 17.00 часот.
Дани | ТВ Пакет