Ги информираме гледачите на Сител телевизија дека водителката Сања Кужет поради породилно отсуство ќе отсуствува од снимањата на „Ѕвезде Гранда“, а нејзиното место до крајот на сезоната ќе биде отстапено на друго водителско име.
„Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе. Сликите се создадени на последниот ден од снимањето, кога немав поим дека нема да ја завршам…Одиме по нови приватни победи“, напиша Сања на својот профил на Инстаграм.
На нејзино место, во Гранд ќе застане Ана Севиќ.
„Голема чест и привилегија е повторно да застанам на сцената од која и самата дојдов и поминав убави години како натпреварувач, а потоа и како водителка. Имам неверојатен набој на емоции и ова беше навистина понуда што не можев да ја одбијам со оглед на тоа што сум емотивно врзана за Ѕвездите на Гранд и дека тие беа огромен пресврт во мојот живот.“
Дани | ТВ Пакет