Бурџу Биричик е турска актерка која е моментално актуелна со водечката улога во вечерната Сителова драма за “Девојката од прозорецот”, серија која успеа да ги привлече не само гледачите на турски серии, туку и сите оние млади девојки и жени кои се пронајдоа во несреќната судбина на Налан.
По завршување на серијата, актерката започна да доживува сосема поинакво искуство минатово лето.
Биричик, заедно со сопругот Емре Јеткин почнала да води хотел на брегот на Егејското Море. За ова искуство познатата актерка проговори: „Се трудиме, бараме што да направиме за хотелот. Малку одмараме, малку патуваме“.
Изјавувајќи дека хотелското управување е пријатно, Бурчу Биричик влезе во нов процес на учење.
По неколкугодишното снимање на серијата, актерката сепак решила одреден период да се повлече од тв екраните затоа што се чувствувала доста изморено од тоа што морала да го пружи сите тие години.
– Мојот лик е навистина посебен. Налан е несреќна жена. Многумина ќе се пронајдат во нејзината судбина, за жал. Налан е пример за многу од денешните жени за кои бракот од сон станува најголем кошмар.
Затоа, жени, бидете храбри, не останувајте во брак без љубов, а доколку едноставно не можете да се откажете од љубовта кон сопругот, тогаш… борете се. Како? Следете ја серијата од понеделник до петок на Сител и дознајте како. – порачува актерката.
Дани | ТВ Пакет