Почетна / Сапуници / Запознајте го доминантниот свекор на „Девојката од прозорецот”

Запознајте го доминантниот свекор на „Девојката од прозорецот”

Тој е глава на семејството Короглу и исклучително богат бизнисмен.

Господинот Рафат е страв и трепет, оној кој ја знае вредноста на парите и нема толеранција за расипништво. Во замокот Короглу, секоја храна има специфична тежина и мерка.

Сè е нумерирано и ограничено. Струја, парно, бензин, храна, пијалоци… Сè се дели на домаќинството во количина колку што Рафет беј смета дека е соодветна.

Сепак, г-дин Рафет никогаш не се двоуми да го сподели своето богатство со сиромашните. Тој секогаш им помага многу на оние на кои им е потребна помош. И иако е строг кон неговите деца, сепак за него, тие се најголемото богатство во животот.

Тамер Левент е актерот кој го толкува ликот на свекорот во Девојката од прозорецот. Дипломирал на високото одделение на Државниот конзерваториум во Анкара во 1977 година.

Работел во Државните театри прво како актер, а потоа како режисер, но и како генерален директор и заменик генерален директор. Моментално е режисер во Државните театри и е основач и прв претседател на Фондацијата за вработени во државните театри во опера и балет ТОБАВ и на Здружението на професионални театарски актери ТОМЕБ.

Роден е на 13 октомври 1950 година во Каршијака, Измир, како син на високиот кривичен судија Зеки бег и дизајнерката Мерал Ханим.

Oсвен моменталната улога во популарната серија на Сител, актерот го следевме и претходно во серии како Украдено минато (Сител), Ѓулпаре (Сител), Марија и Мустафа (Сител), Предадено срце (Клан М), Истанбулската невеста (Сител) и Љубов (Канал 5).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!