Почетна / Филм / „Јагне“ на 8 март на Телма – номиниран за најдобар странски филм

„Јагне“ на 8 март на Телма – номиниран за најдобар странски филм

Прогонувани од неизбришливиот белег на загуба и тивка тага, за која зборуваат тажните очи на Марија и молчеливоста на сопруг, Ингвар, бараат утеха во тешката работата и напорните денови на нивната фарма за овци во оддалечените, сурови пејзажи на планинскиот Исланд.

Нивната врска виси на конец, но ќе се случи нешто необјасниво – на фармата ќе се роди мистериозно суштество. Тие ќе решат да го задржат и да го одгледуваат како свое потомство. Надежта за ново семејство некое време им носи голема среќа, која подоцна станува нивно уништување. До каде се спремни да одат екстатичните Марија и Ингвар во име на љубовта?

Петок, 8 март, 22.15 часот, премиерно на Телма телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!