Почетна / Забава / САД бара Кина да го продаде ТикТок или ќе биде забранет во земјата

САД бара Кина да го продаде ТикТок или ќе биде забранет во земјата

Kомитетот за енергија и трговија при Конгресот на САД усвои закон со кој на кинеската компанија ByteDance и дава рок од шест месеци да се откаже од сопственоста на платформата TikTok, во спротивно платформата ќе биде забранета во САД.

„Овој закон има однапред одреден исход: целосна забрана на ТикТок во САД. Владата се обидува да им го одземе уставното право на 170 милиони Американци на слободно изразување. Ова ќе оштети милиони бизниси, ќе им оневозможи на уметниците публика и ќе ги уништи животите на безброј креатори на содржина низ целата земја“, објави компанијата ByteDance.

Главниот претставник на Демократската партија во комитетот, Френк Палоне, рече дека се надева оти законот „ќе го одземе ТикТок од компанијата и дека Американците ќе можат да продолжат да ја користат оваа и другите платформи без ризик да бидат управувани или контролирани. од непријателите“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

error: Содржината е заштитена!