И по трагичното заминување на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, остануваат неговите дела да не потсетуваат на неговата големина, добрина, талентираност и доблест, пишува Плусинфо.
Во широкиот музички опус влегува и последната песна од македонскиот ангел – Тоше Проески која во демо верзија е пронајдена во неговиот стар лап топ ќе биде објавена на 25-ти јануари на денот на неговиот роденден. Пред официјалната промоција се објавени и стиховите: Ова е премалку за крај.
Бројните фанови од регионот и од државава со нетрпение ја очекуваат промоцијата која ќе биде одржана во музејот во Крушево. Музиката и текстот на оваа песна која ја отпеа Тоше ги напиша Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направи Никша Братош. На снимката дури се слуша и лаеж на куче затоа што прозорецот додека ја пеел песната бил отворен.
Ивана Таневска | ТВ Пакет