Почетна / МК Сцена / Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски јазик, македонска верзија на веќе познатата мелодија “Do you remember”, која ја бележиме како нејзино прво авторско издадено дело. Волческа повторно се запишува како текстописец на новата македонска верзија и стои позади режијата на новоосмислениот видео запис. Автор на музиката е повторно нашата пејачка, под менторство на Весна Малинова и воедно нејзиниот постојан ментор за сите проекти. Аранжманот и продукцијата доаѓаат од студиото на Јордан Манов – Devil’s eye Studio.

Видео записот, како што вели Волческа, е направен само со доза љубов од нејзините најблиски луѓе и добро сценарио кое сама го режираше и истото го реализира. Како режисер на првичниот спот “Do you remember” беше запишан Александар Нешкоски, кој овојпат повторно го запишуваме како човек без кој не би можело истото место за снимање да се овозможи повторно. Мотивот и пораката на самиот текст е носење на одговорност за нашите емоции, нашето минато, и наученото од сето тоа – вели Волческа.

На прашањето зошто поминаа дури две години за реализирање на македонска верзија, вели дека има напишано повеќе од 10 текстови за оваа песна, но ниту еден од нив не го почувствувала како што го почувствувала последниот и веднаш влегла во студио.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Негде после два“, нов дует на Пајак со Елвир Мекиќ

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден …

error: Содржината е заштитена!