Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Четвртта година по ред, во скоро цел прајмтајм оди српска емисија на Алфа

Четвртта година по ред, во скоро цел прајмтајм оди српска емисија на Алфа

Веќе четвртта година (започнувајќи од почеток на 2021 година), српската емисија “Стројник” во која се бараат жени за српски мажи се емитува во континуитет на Алфа во прајмтајм. Секој работен ден од 19.15 часот до 21.30 часот, буквално скоро целиот прајмтајм во програмата. Но, да не биде мала дозата – имате и репризи идниот ден од 10 часот наутро.

Во програмскиот водич на телевизијата не стои дека се работи за нови изданија во прајмтајм, така да очигледно се репризи, веќе емитувани.

Па освен оваа емисија, ноќни репризи на играни филмови и реприза на турска серија емитувана претходно на Сител, на оваа фреквенција нема буквално никаква друга премиерна странска програма.

За разлика од Алфа, на другите национални телевизии и те како може да се види премиерна странска програма.

На МРТ одат премиерни американски филмови, документарци и нова серија, на Телма постојано одат премиерни филмови од светски продукции, американски серии, мексиканска серија и документарни серијали, а на Сител одат премиерно неколку турски серии, грчка серија, американска акциона серија, колумбиска серија, како и регионални музички шоу програми.

 | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!