Марко Маринковиќ, Слаткар познат под сценското име Слаткаристика започнал со своите музички креации кога имал 12 години.На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата “Единствена опција”, а во 2004 година го издадоа албумот “Рап Тврдина”.
Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп-екипажот “Токсикологија”. Песната „Да полетам”, за која своевремено има изјавено дека ја има напишано за тешката финансиска состојба во која се наоѓало неговото семејство.
Во интервју за единствениот естраден магазин “Бекстејџ„ , тој рече: „Да полетам” секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам” е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.
За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене”, рече Слаткар.Оваа песна е еден од неговите најголеми хитови, а причината се стиховите кои допираат до многумина.
Едно од најинтимните интервјуа на Слаткар, искрен до срж погледнете го и запознајте го онаков како што не сте го познавале:
Дани | ТВ Пакет