Денеска се извлече ждрепката за тоа која земја во кое полуфинале ќе се најде и во која половина од вечерта. Повторно како и лани се погоди во едно полуфинале да има дури четири балкански земји, но овој пат за наша несреќа, Македонија не е меѓу нив. Таа се најде во второто полуфинале, со единствено очекување гласови од Бугарија, Романија и Албанија. Да се надеваме дека МТВ ќе ја одбере вистинската песна со која ќе може да очекуваме гласови и од другите земји.
Шведската радио телевизија и официјално го претстави логото и слоганот за Евровизија 2013. која ќе се оддржи во Малме. Околу тоа што претставува пеперутката во логото, официјалниот веб-сајт на Евровизија посочува дека има над илјада различни видови на пеперутки, но сите тие се наречени под едно име. Баш така е и Евровизија – еден силен идентитет, со богата разноликост на нации. Ако работиме заедно, можеме да постигнеме се – ние сме една целина.
„We are one“
*црвена боја (во првата половина)
*зелена боја (во втората половина)
ПОЛУФИНАЛЕ 1: 14.05.2013
Данска
Хрватска
Украина
Холандија
Австрија
Словенија
Естонија
Русија
Литванија
Србија
Ирска
Белорусија
Кипар
Црна Гора
Белгија
Молдавија
ПРАВО НА ГЛАС:
Велика Британија, Италија, Шведска
ВТОРО ПОЛУФИНАЛЕ: 16.05.2013
Латвија
Азербејџан
Малта
Исланд
Сан Марино
Македонија
Финска
Бугарија
Израел
Норвешка
Албанија
Унгарија
Швајцарија
Грузија
Грција
Ерменија
Романија
ПРАВО НА ГЛАС:
Шпанија, Германија, Франција
Боби Китанов | ТВ Пакет