Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (39. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (39. продолжение)

 

 
 
 Фаусто беше вон себе. Од сите мигови кога бил бесен, овој пат ги надминуваше сите граници, помисли Анибал кога Фаусто го доведе во шталата за да му одржи лекција. Таковото лице беше црвено а раката посилна во секој нареден удар!
– Педеру! Си ја платил Кристина бидејки не си успеал да ја задоволиш!
Удар.
– Татко, дозволи ми да ти објаснам…

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 39 – „Акасија зема нова жртва“

 

 Фаусто беше вон себе. Од сите мигови кога бил бесен, овој пат ги надминуваше сите граници, помисли Анибал кога Фаусто го доведе во шталата за да му одржи лекција. Таковото лице беше црвено а раката посилна во секој нареден удар!
– Педеру! Си ја платил Кристина бидејки не си успеал да ја задоволиш!
Удар.
– Татко, дозволи ми да ти објаснам…
Удар.
– Ти си педер кој никогаш нема допрено жена!, – Фаусто посегна по еден голем стап и безмилосно почна да го удира својот син каде же му дојдеше.
– Ќе те научам да бидеш маж, со сила ако треба.
Ниту солзите ниту крикот за помош на Анибал не допреа до челичното срце на Фаусто Катсењон. Безмилосно удираше со стапот по телото на својот син како а тепа говедо.

Лукреција ја затекна Естер во нејзината соба, откако потрча по помош по немилата глетка на верандата од предмалку. Дотрча речиси без здив.
– Што се случило, Лукреција?, – загрижено праша Естер.
– Фаусто полуде.

Фаусто не престануваше крвнички да го тепа својот најстар син. Откако престана со стапот, продолжи со нозе да удира каде ќе му дојде. Анибал одвај можеше да дише, додека од устата и носот му течеше крв. Кога Лукреција и Естер дотрчаа во шталата, глетката беше страшна. Фаусто вон себе, како опседнат од демон, а Анибал на подот, виткајки се од болка.
– Фаусто, што правиш, остави го!, – крикна Естер, обидувајки се да ги раздели, но Фасуто ја турна толку силно од себе, што Естер падна во сеното.
– Ти си ѕвер! Дивјак!, – извика Лукреција.
– Излегувајте одовде двете пред да се префрлам на вас, – им се закани и продолжи крвнички да го тепа својот син.
Анибал крвареше и се виткаше од бол пред очите на својата мајка, која беспомошно стоеше на страна и ја гледаше агонијата на својот син.

Светлината на полумесечината продираше преку отворениот прозорец во колибата каде што спиеше Енцо. Заспа без кошула на себе и со отворен прозорец бидејки летните горештини веќе го имаа заземено својот замав.
Нежна, женска рака го помилува неговото торзо, се до вратот. Го разбуди скокоткање близу увото па нагло се разбуди. Пред него стоеше Акасија, жената во црно чиј лик не се гледаше, уште помалку во мрачната просторија.
– Што бараш ти тука?, – ја праша, како во бунило. Таа жена беше кошмар од кој стравуваше. – Оди си одовде! Оди си!
Одеднаш почуствува како да го предава сопственото тело. На масичката до себе забележа шишенце со некаков пијалок внатре. Можеше само да претпостави дека додека спиел го опила со таа течност.
– Што ми даде?
Но, како и секогаш таа само молчеше. Ја слече наметката од себе под која не носеше ништо. Легна покрај него, прилепувајки го своето голо тело за неговото.

Беше скоро полноќ кога Лукреција со фенер во раката влезе во шталата каде што заврзан за синџири стоеше Анибал. Телото му крвареше на повеќе места, а лицето му беше модро и потечено од сите удари.
– Што бараш ти тука?, – одвај ја праша. Не можеше ни да говори. Не знаеше во каква состојба е но шокот во очите на Лукреција му говореше дека не е нималку добар.
– Оди си. Татко ми ќе дојде.
– Не, не си одам одовде, – решително реча таа, го остави фенерот на подот и му принесе вода. Знаеше дека Фаусто го држи жеден, а водата му беше неопхподна. Анибал ја отвори устата онолку колку што можеше, додека Лукреција го напои како мало јагне кое цел ден седело на сонце.
– Навистина не можам да разбаерам зошто сето ова. Ако е поради твојата одлука да се вратиш во манастир, зошто Фаусто ти го направи ова кога се претставува како најголем верник на светот?
– Татко мисли дека мене не ме привлекуваат жени, – одговори Анибал кој се чуствуваше веднаш подобро откако се напи вода.
– Од каде тоа?, – изненадено го праша Лукреција.
– Не сакав да имам односи со жена која ја плаќам за да ме задоволи. Ме истераа од манастир бидејки бев фатен со една од калуѓерките…Знам дека направив грев и дека го извалкав Божјото место и за да се искушам се заколнав пред Бога дека повеќе нема да бидам слабак и да потклекнувам под искушенијата, се заколнав дека следната жена со која ќе водам љубов, ќе биде жената која искрено и вистински ќе ја љубам. Со ниедна друга. Тоа беше мојата заклетва.
– Анибал, – Лукреција се разнежни како ниеднаш претходно. Приказната на Анибал ја допре, па клекна на колена пред него и го помилува за косата. Го загледа убаво, па дури и вака модар во лицето, сеуште беше преубаво момче. Го сакаше тој искрен и детски сјај во неговите очи.
– Само жалам што ти не ги имаш истите чуства за мене, – додаде тој.
– Грешиш. За мене ти си посебно момче.
– Тоа значи дека…
Ја стави својата рака на неговата уста. Не му даде да навестува, наместо тоа нежно му ги поклопи усните со бакнеж. Тој бакнеж кој како мелем легна на неговите ранети усни.

Денот беше свежо роден, кога Енцо слушна како некој упорно тропа на вратата од колибата. Ги отвори очите и погледн аоколу себе. Дневната светлина веќе беше навлезена од сите прозорци во колибата. Немаше ни трага од Акасија, совен мамурлокот кој го чуствуваше во главата. Стана од постелата и појде кон вратата да отвори. Беше Естер.
– Морам да зборувам со тебе, – рече таа и го спушти погледот. Неговото разголено торзо беше само една од причините поради кои не можеше да го погледене во очи. Но, одеднаш погледот и падна на неговата десна рака, во горниот дел имаше голема модринка и остатоци од заби, како каснатина од диво животно. – Што ти е тоа на раката?, – го праша.

Марија Грација го подготвуваше појадокот во кујната, кога влезе Кристина, откако ги имаше средно сите кревети во куќата.
– Ти уште си тука?, – праша Марија Грација.
– А каде да одам?, – праша Кристина, посегнувајки по бокалот со лимонада.
– Тоа е за газдите, – рече Марија Грација, земајки и го бокалот од рака. – И не заборавај дека си во оваа куќа бидејки Енцо сакаше така, но да те потсетам дека сега нештата се сменети.
– Што е, сорела? Се плашиш дека ќе ти го земам газдата?
Марија Грација се накостреши како мачка. Само фалеше да ги пушти канџите и да ја изгребе, но се воздржа и ја истера од кујната.

Енцо погледна на местото каде што посочи Естер. Навистина загризот беше голем. Знак дека посетата на Акасија од сношти не беше кошмар. Посегна по својата кошула и панталони, не сакајки гостинката да се чуствува непријатно поради неговото голо тело.
– И што те носи тука?, – ја праша. – Како ме најде?
– Моналиса ми кажа дека можам да те најдам тука. Немам многу време.
– Претпоставувам дека до сега знаеш се.
– Да, Фаусто ми кажа.
– Се прашувам што ли ти кажал.
– Дека ти си сопственик на ова парче земја.
– Само тоа?
– Зошто? Има ли нешто друго што треба да го знам?

Марија Грација продолжи со интензивните подготовки на појадокот. Немаше уште многу време а присуството на нејзината сестра само ја вознемири. Одеднаш почуствува нечија сенка зад себе додека го вадеше лебот од рерната и се заврте да види кој е.
– Газда, појадокот ќе биде готов за кратко.
– Не дојдов да прашам за појадокот, – рече Фаусто.- Дојдов да те потсетам дека сеуште ми стоиш на услуга, – ја повлече за половината. Марија Грација ја почуствува неговата блага ерекција на својот стомак. Добро знаеше што е следно. И го подигна здолништето и ја заврте на работната маса. Се потпре на подлогата каде што го месеше лебот. Фаусто ја грабна за косата и ја прилепи за масата. Брашното се залепи за нејзината коса и лицето. Брзо ја почуствува неговата ерекција во себе. Беше болно, како и секој пат. Ја правеше своја без да ја возбуди. Се прашуваше до кога?
– Мамо, госпоѓа Лукреција прашува….
Гласот на Моналиса допре до Марија Грација како изгореница. Болно и неочекувано.
Девојката ја затврои својата уста со двете раце за да не испушти несакан крик. Беше страшно тоа што го гледа.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!