Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа причина зошто би бил медиумски активен, особено не’ ако темата приватност е во прашање, барем така говори праксата низ годините наназад.

Но, овој пат случајот беше сосема спротивен, Влатко за брзо време изваде две нови песни, „Маскенбал” и најновата „Бариера”, така што неговото појавувње пред камаери беше очекувано, на сопствена волја или на барање на медиумот – сеедно. Лозано пред камерата на „Бекстејџ” се разврза за новите песни, стилската промена за „Бариера” која деновиве е доста коментирана на социјалните мрежи, но меѓудругото, новинарката не остави без да го потпраша нешто за што можеби тој и не очекување, односно беше ставен пред предизвик, од кој на изненадување беше така директен и со одговори без двоумење.

Дует со Антониа Гиговска или Тамара Тодевска?

Тамара е долго време на сцена, феноменален вокал, искусна во својата работа, генерација сме, но сигурен сум дека тоа би бил одличен дует и cо Тамара и со Антониа, кажа Влатко, но сепак и порача на Антониа дека нема лутење.

За ова, а и за уште неколку негови избори меѓу колегите погледнете од целосното интервју на „Бекстејџ” во продолжение:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!