Почетна / Мода / 30 години јубилеј – Академија и студио „Леонтиќ”

30 години јубилеј – Академија и студио „Леонтиќ”

30 години да опстоиш во овие турбулентни времиња е успех, но 30 години да умееш да станеш една успешната приказна и бренд препознатлив по својот квалитет во својата област е навистина голем успех…
Но, кога сме кај јубилеите, првата прослава на Леонтиќ е на десетгодишнината.

Леонтиќ го направи првиот бум, авангарден почеток на сцена со претставата “Жената низ векови” во драмски театар. На ревијата работеа ученици и тимот на вработени во Академија Леонтиќ. Учествуваа околу 100 учесници на самата сцена, и исто толкав тим на фризери и шминкери и козметичари позади сцената што ги подготвуваа.
Учествуваа балетското студио Ребис, пејачката Тијана Дапчевиќ, Јелена Жугиќ, Амернис Нокшиќи, Ана Биновска, Алек Наумов, Катерина Шехтанска, Дејан Лилиќ и манекенките од студио Црнокрак.
Модни креатори кои уествуваа се: Ненад Секирарски, Никола Ефтимов и др..

Васка Леонтиќ (53) е стилист, едукатор, и прв основач и менаџер на приватен центар за стручна обука во државата и прво средно во стручното образование „Академија Леонтиќ“.
За да биде појасно на јавноста дејноста на Васка Леонтиќ се содржи во 3 фирми:
– “Студио Леонтиќ” е најстарата фирма активна веќе 30 години и е салон за убавина,за фризерски и козметички, масерски услуги, маникир, педикир, шминка и солариум, каде Леонтиќ сеуште активно работи со клиентите.
-Приватното средно училиште ПСУ “Академија Леонтиќ”, во кое завршиле четири генерации. Во моментот е во мирување, бидејќи во тек се реформи, каде што е потребно да се воведат новитети. Целта е да се биде поактуелен на пазарот на трудот, тоа значи и воведување на нови поактуелни профили, модуларни пакети, како модниот стилизам и сл, каде што идните ученици ќе бидат конкурентни и полесно ќе најдат вработување и ќе отворат сопствени салони.
-Приватен центар за стручна обука ПЦСО “Академија Леонтиќ”, активно работи, каде се вршат обуки за фризери, шминкери, козметичари и масери, во траење од година дена, 6 месеци, 3 месеци и кратки обуки. Наменети за лица од 18 год, па дури и за доусовршување на лица на 60+ години, што значи нема старосна ограниченост. Ќе се воведе модниот стилизам, специјалистички, мајсторски испити за полагање, обуки за мануелни работи, како изработка на украси и модни детали.
По што се разликува Васка Леонтиќ!?.. Самите почетоци на нејзиното работење и првите појавувања во јавноста се одликуваат со нејзината креативност и авангардното изразување. Силен заштитен знак во работата на Васка Леонтиќ се начинот на кои ги одбирала модните додатоци и екстензии при изработка на свечени фризури, а идејата за профит не била на прво место како млад менаџер, а потоа лидер во бизнисот. Најраните патувања во Лондон и Париз, на Васка и отвораат и нови светови, а запознавањето на колегите од странство и согледувањето на вреднувањето на младите стилисти и нивната желба за соработка, го создава поривот за капитални дела, верификации, инвестиции во недвижности.

Сите нејзини патувања и контакти по семинари и други стручни усовршувања, само потврдуваат дека покрај креативноста, компанијата треба да има верификација на својата вредност, односно траен белег, со кој ќе привлече и странски инвеститори или идни партнери за соработка.
Кај неа приматот е убавината, модниот стилизам, односно се што е поврзано со уметноста. Присутна на сите културни и модни настани, семинари, театарска сцена и настапи пред медиумите уште од бивша Југославија. Остварувањето на тој контакт со луѓето, споделувањето и моментот на взаемното давање на енергија, е нешто што посебно ја исполнува и и дава мотив за поголем развој.

Васка Леонтиќ со нејзиното огромно 30 годишно искуство позади себе, повторно го реновира салонот, повторно се внесуваат сите иновации, новитети и освежување, во поглед на технологијата, апаратурата и машините. Се е согласно потребите на луѓето и со многу љубов . Да не се заборават изумрените занаети, да ги оживее и модифицира и прилагоди со новите тековни промени и да ги понуди на младите генерации. Активно ги следи клиентите и нивните потреби, барања за индивидуален пристап кон нив, совет, креирање на имиџ… Со еден збор ментално и духовно да бидат исполнети во еден мир и спокој, каде би се пронашле самите себе си во тој час или два. Оттука произлегува и успешноста на Студио Леонтиќ.

Центарот за стручна обука „Академија Леонтиќ“ е единствен кој веќе 15 години остварува соработки со европските проекти, кои отвораат друг правец и друга визија за работата. Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+, учениците и наставниот кадар имаа можност да посетат врвни училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат . Посетени се повеќе странски држави како Латвија (Рига), Литванија, Шведска, Португалија, Италија, Словенија, Чешка, Полска, Хрватска, Турција, Ирска,.. а од особено значење се сертификатите со кои се стекнуваат учениците на крајот од обуката.

Уписите во Приватен центар за стручна обука ПЦСО “Академија Леонтиќ”, се во тек и се одвиваат во текот на целата година, но мора да се знае дека годишните програми кои се од 12 и 8 месеци, се со одреден број и завршуваат до 10-ти Јуни. Сите други обуки кои што се од по 1, 2 и 3 месеци, кандидатите можат да се запишат во текот на целата година. Овој центар е единствен, каде нема ограничување во старосната граница.

Леонтиќ води посебен ден, наменет за професионална ориентација, каде што се објаснуваат сите модуларни програми препорачани за учебната 2024-2025 година. Препорачливо е секој кандидат да биде присутен на овој информативен ден, па потоа да размисли кои од модуларните програми и пакети би се одлучил да ги изучува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски моден фестивал од 3ти до 6ти април во Diamond Mall

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста …

error: Содржината е заштитена!