Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Ирина: Кога прв пат го погледнав Павле, знаев дека ќе ми биде сопруг

Ирина: Кога прв пат го погледнав Павле, знаев дека ќе ми биде сопруг

Во новото издание на „Нешто конкретно” се славеше љубовта и тајната на складните и долгогодишни бракови од една страна и проблемите и сопките со кои се соочуваат новите бракови од друга страна. Кој е зачинот кој треба да го има секој брак за да има краен рок на траење додека смртта не не раздели?

Во емисијата гости беа парови, еден долгогодишен и успешен пар познат за сите нас како Силви Бенд, односно Силви и Влатко Плевнеш, и еден помлад пар кој што не така неодамна зачекори во брачните води и чија приказна започна токму во првата сезона на „Нешто конкретно”, Павле и Ирина Камилоски.

Силви за својот партнер Влатко ќе каже дека највредното нешто што тој го поседува е музикалноста, но што се однесува до Влатко, за неа не може само во една емисија да раскаже што се му се допаѓа кај својста љубена. Тие зборуваат за тоа како се запознале во средношколските денови и како Влатко се измачил додека да дојде до, како што тој ја нарекува, најубавата девојка на факултетот. После долги години нивната љубов, нивната жар и нивната неразделивост сѐ уште е она по кое сите ги препознаваме.

Павле смета дека клучно е разбирањето за успешен брак, а секако и љубовта. Тие двајца веруваат дека спротивностите се привлекуваат затоа што токму тоа им се случи нив. Ирина открива дека уште пред да започне снимањето на емисијата кога таа го здогледала првпат својот сегашен сопруг знаела што ќе се случи. Љубов на прв поглед.

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!