Македонскиот пејач Јоце Панов во соработка со „Сити Рекордс“ го промовираше својот втор албум на српски јазик „Ватрени печати“. Албумот содржи 14 нови и пет бонус песни и може да се набави во сите поголеми музички продавници низ Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Водителката Ирина Кришка во име на „Сити Рекордс“, најголемата српска издавачка и промотивна куќа, во својот говор го прогласи Јоце Панов за легитимен наследник на Тоше Проески, нивниот прв ексклузивец во 2005-та година. По промоцијата на албумот, на Панов на сцената му се придружи и Џеј Рамадановски со кого направија забава, а најавената промоција прерасна во осумчасовно ексклузивно шоу. Пејачот Јоце Панов го очекуваат уште три закажани промоции во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Албумот во Хрватска ќе биде издаден од продукцијата „Аквариус Рекордс“.
По успешно поминатата промоција, менаџментот на Јоце Панов одлучи да се организира бесплатен автобуски превоз и за следните промоции во целосна организација на маркетинг и пи-ар менаџерот Гоце Маневски.
Крис Манев | ТВ Пакет