Почетна / Серии / Три нови британски серии на Алфа

Три нови британски серии на Алфа

 

На Алфа телевизија оваа недела започнуваат три нови британски серии. Првата која веќе започна од понеделникот е британската серија Робин Худ во 39 епизоди која ќе се дава од понеделник до петок во 18:10 часот. Робин Худ е во продукција на БиБиСи која на класичната приказна за Робин Худ и дава една современа димензија.

Во сабота започнуваат две од сериите. Едната е најновата сезона на научнофантастичната серија Торчвуд, насловена како Торчвуд – децата на планетата Земја. Серијата ќе има 5 епизоди, ќе се дава секоја сабота во 14:50 часот и во неа се работи за вонземјани кои планираат да ги киднапираат децата од планетата и да ја остават Земјата без иднина.

 

 

 

Истиот ден, во сабота во 20 часот започнува хит серијата Шерлок. Најновата телевизиска продукција за славниот детектив Шерлок Холмс и неговиот пријател Џон Вотсон, како легендарни ликови на британскиот писател Артур Конан Дојл, е една од најдобрите и најгледаните телевизиски адаптации за овој генијален разрешувач на најкомплицираните криминални дела. Оваа серија со харизматичниот Бенедикт Камбербач како Шерлок, и Мартин Фримен како Вотсон, се прикажува со невиден упсех во 180 земји во светот. Алфа ТВ ги има откупено правата за емитување од двете досега снимени сезони (2009 и 2012).

 

 

Наскоро на Алфа започнуваат и други серии, за кои дополнително ќе ве информираме.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!